Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Тежок пожар кај Струмица кој брзо се шири: Присилна евакуација на жители, две жени се спасени и хоспитализирани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarycil4okltlj7k1yoWczh
Ф/Се молиме за Македонија

Сериозен пожар на отворено избувнал попладнево во струмичко, на потегот меѓу селата Баница, Водоча и Софилари, а огнот брзо се шири и веќе ги загрозува првите куќи.

Според информациите од терен, пожарот избувнал пред околу час и половина и поради силното ширење била започната евакуација на жители од загрозените објекти.

— реклама —

Командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, информирал дека огнот зафатил една куќа, од која пожарникарите успеале да спасат две жени.

Тие не се повредени, но поради вдишување чад биле преземени од екипа на Итната медицинска помош и пренесени во струмичката болница.

— реклама —

Од Дирекцијата за заштита и спасување информирале дека на терен имало и случаи на присилна евакуација, откако една жена одбивала да ја напушти својата викендичка и покрај опасноста од пожарот.

— реклама —

Во гаснењето, покрај ТППЕ Струмица, се вклучени и противпожарните единици од Радовиш, Валандово и Гевгелија, како и ДПД „Турија Кристал“ од Василево.

Пожарникарите во моментов се обидуваат да го спречат ширењето на огнот кон населените објекти.

Засега нема информации за други повредени лица, а состојбата на терен и натаму е сериозна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 1 седмица

media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања