Над 20 лица се уапсени поради сомнение дека сториле криминал поврзан со орујже и дрога, а сите на територијата на Струга. Од доцна ноќеска е започната акција предводена од Обвинителството, а која ја извршува специјалната единица „Тигри“.
Од Министерството за внатрешни работи не споделуваат никакви информации, а исто и од Обвинителството. Со судска наредба, се прават и претреси на повеќе локации. Неофицијални информации говорат дека дел од лицата подолго време биле и мета на следење преку ПИ-мерки.
Точните дела за кои се сомничат, засега не се знаат