Тина предложена за директорка на Зоолошката во Скопје, има спасувано диви животни меѓу кои е и штипското мече Теди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
267756639_2814745122158963_1191890069875748105_n

Вчера, по оставката на досегашниот директор, се отвори прашањето кој ќе раководи со ЗОО. Здруженијата за заштита на животни со апел до градоначалничката да вработи професионалец кој ужива углед меѓу активистите за заштита на животни и кој е посветен на заштита на животните.

— реклама —

Наш предлог е Тина Мицковска која е вработена во ЗОО Скопје во Секторот односи со јавност и со години се бори заедно со нас за заштита на животните.

— реклама —

Има многу успеси зад себе, а најголемиот ѝ е успешното испраќање на мечето Теди во резерватот на Фондацијата на Брижит Бардо за мечки во Бугарија. Мечето Теди живееше во кошмарни услови во мал кафез во Штип, а Тина по скоро две години борба со институции успеа да го спаси. Приказната за мечето стана глобална и Теди и Тина се најдоа на сите најпознати светски медиуми. Таа соработува со Four Paws International- една од најпознатите светски организации за заштита на животните, кои преку неа би помогнале многу на Скопје ЗОО, а со тоа би се афирмирал и Градот Скопје. Помага за спасување на диви животни кои биле предмет на нелегална трговија или пак бебиња, а дел од нив веќе успеале да се рехабилитираат и да се вратат назад во природа. Беше и прва која го откри нелегалниот шверц на лавчиња во земјата и тоа по цена на својот живот бидејќи сè уште добива закани. Има добра соработка со сите институции поврзани со животинскиот свет, учествува во проектот за основање на прв Спасувачки центар за диви животни во Македонија, има познавање од областа на дивите и егзотични животни и што е најважно желба и мотивација да обезбеди соодветна нега на животните во ЗОО Скопје.

— реклама —

Мицковска е магистер по односи со јавност, дипломиран правник по европско право и право на ЕУ, поранешен новинар и има и организациски и менаџерски способности, како организатор на повеќе настани и фестивали во градот во периодот 2012-2021. Знае да пишува ЕУ проекти и има искуство со ЕУ фондови.

Од исклучително огромна важност е директор на институција која работи со животни да има емпатија према истите, да е максимално посветен на спроведување на законот за благосостојба на животни и да е човек со интегритет. Сметаме дека Тина во повеќе наврати докажа дека е токму таква личност и е најкомпететна да раководи со Зоолошката градина во Скопје!

Со почит,

Здружение за унапредување и заштита на благосостојбата на бездомните животни „ДЕЈЗИ ФЕМИЛИ“

Здружение за заштита на животните „БЕЗДОМНИ ЖИВОТНИ БЕЗ ГРАНИЦИ“

Здружение за заштита на животните и животната средина „Е.Д.Е.Н.“

Здружение за заштита на животните и животната средина „ШЕПАСТИ ЕНТУЗИЈАСТИ"

Граѓанска иницијатива за заштита на животните „КАНЕ КОРЗО НАДЕЖ“

ФОТО: Тина со спасената волчица Ариа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања