Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Тиранската средба нема да ги спаси Ковачевски и СДС од катастрофалниот пораз кои ќе го доживеат на следните избори, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
17062022_PVRSM_Kovacevski_obrakaje-na-Prespa-Forumot_6

Никакви средби, и спроведување на туѓи агенди нема да го спасат од катастрофален пораз Димитар Ковачевски и СДС на следните предвремени парламентарни избори, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Целосниот молк од страна на СДС за средбата во Тирана, е само уште еден доказ дека оваа средба е по барање на Ковачевски за спас на неговата кариера.

Оваа средба е токму на барање на Димитар Ковачевски за да добијат помош за продолжување на мандатот, а за возврат да се реализираат други агенди на штета на Македонија.

— реклама —

Евидентна е паниката и стравот на СДС и ДУИ за опстојувањето на нивната влада, бидејќи вртоглаво ја губат довербата од граѓаните, па затоа им беше потребна оваа средба

— реклама —

СДС и Ковачевски треба да одговорат дали од средбата во Тирана на маса ќе добијат повторно штетни договори, кои за спас на своите кариери безпоговорно ќе ги прифатат?

Државните прашања и националните интереси, како и одлуките за државата се носат во Македонија и македонското Собрание.

— реклама —

Граѓаните на предвремените парламентарни избори ќе го казнат ова антидржавно однесување на СДС и Ковачевски“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања