„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

ТИРЗ - Одобрена предвремена исплата на обврските кон странски инвеститори – креирани над 1.000 работни места повеќе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
despotovski

Дирекцијата за технолошко развојни зони (ДТРИЗ) одобри предвремена исплата на обврските на државата кон две странски инвестиции Костал и Гентерм. Овие две компании две односно четири години порано од предвиденото веќе ги постигнале планираните таргети за вработување. Дополнително, заклучно со крајот на 2020 година само во овие две компании креирани се над 1.000 работни места повеќе од поставените цели.

— реклама —

Американската компанија Гентерм предвидела 1.255 работни места до крај на 2024 година во моментов имаат 2.173 ангажирани лица, додека компанијата Костал која има обврска до крајот на 2022 да отвори 730 работни места веќе има 820 креирани работни места. Двете компании се дел од автомобилската индустрија.

“Воведуваме нов квалитет во работење на Дирекцијата – буквално ги следиме во чекор инвеститорите во реализацијата на инвестициите. Дирекцијата и Владата се сериозен партнер и со ваквите мерки покажуваме дека имаме капацитет да ја следиме динамиката на сите компании кои забрзано инвестираат и исполнуваат поставени цели. Со предвремената исплата ги поттикуваме и останатите инвеститори забрзано да вложуваат во својот развој и да ги шират капацитетите“, порача директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски.

— реклама —

Вкупниот износ на предвреме исплатени обврски на државата кон овие две компании изнесува 51,2 милиони денари, средства обезбедени со Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетски корисници донесена од страна на Владата во декември 2020г.

Во моментот во индустриските зони работат над 14.000 лица и анализите покажуваат дека и во услови на криза бројот на вработени во овие компании останува стабилен. ДТИРЗ веќе работи на креирање посебни државни програми и мерки со цел да се поттикнат компаниите да исплаќаат повисоки плати, како и да се привлечат инвестиции со повисока додадена вредност кои ќе донесат и подобро платени работни места. Целта на Дирекцијата е поттикнување на раст на платите на работниците ангажирани во индустриските зони за 30% до 50% до 2024 година.

ДТИРЗ работи и развој на нов пристап во делот на грижата на корисници како и на развој на нови иницијативи во делот на привлекување приватен капитал во развојот на инфраструктурата и инвестициите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања