Промени тема
Контакт

ТИРЗ троши 23,6 милиони на сомнителен и непотребен тендер, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
iycrogoyvk6ngeslje08

Во услови на криза не престануваат непродуктивните трошења на власта на СДСМ и ДУИ. Последен во низата случаи е скандалозното трошење на ТИРЗ во вредност од 23.6 милиони денари за јавна набавка насловена: “Мониторинг на договорите на државна помош”, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Било која државна помош што ја дава државата или институциите е контролирана согласно постојните законски решенија и институции и нема потреба од дополнително ангажирање на субјекти за оваа работа. Очигледно власта сака на овој начин да испумпува пари во време кога народот едвај врзува крај со крај.

— реклама —

Еве ја причината зошто стопанството тоне а граѓаните осиромашуваат. Парите од буџетот безмислосно се трошат преку вакви сомнителни тендери.

Наместо парите да завршат за помош на граѓаните кои се соочуваат со двоцифрена инфлација, наместо да се даде поголема помош на компаниите кои ги остават на цедило, наместо повеќе пари за земјоделците, просветарите, работниците, парите власта ги расфрла на сомнителни и крајно непотребни тендери.

— реклама —

Премногу е! Време е за промени. Народот на протест на 18-ти јуни ќе каже гласно дека е за предвремени избори и промена на оваа недомаќинска, неодговорна и криминогена власт на СДСМ и ДУИ“, се вели во соопштението.

— реклама —

Со почит,

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања