Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

„Титаник“ сеуште во фаза на доказна постапка, денеска сведок истакна дека изгубил меморија откако се разболел од КОВИД 19

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
titanik

На денешното рочиште за случајот „Титаник”, кој и понатаму е во фаза на доказна постапка, односно презентација на сведоците од обвинителство, сведочеше поранешна членка на ВМРО-ДПМНЕ, од Штип, која призна дека донирала средства за партијата.

Сведокот истакна дека во нејзино име се платени и средства и од други членови.

— реклама —

Друг сведок од обвинителството,  наставик од Охрид, посочи дека во неколку наврати уплатил донација во име на партијата.

— реклама —

– Еднаш имам платено 10, потоа 13, 30 и еднаш имам платено 15 или 18 илјади денари како донација. Првата донација колку што памтам беше во 2013 година, рече  сведокот.

— реклама —

Пензионер од Гостивар, пред судскиот совет како сведок рече дека не знае како се финансираат политичките партии и дека никогаш не дал донации за било која партија. На прашање на обвинетиот Илија Димовски дали се сеќава дека неговиот денешен исказ е многу поразличен од тој што го дал пред јавен обвинител во текот на истрагата, сведокот рече:

– Јас прележав ковид-19 и ја загубив меморијата. Јас не можам да се сетам што сум јадел вчера, а не пак за ова што ме прашувате, истакна сведокот.

Судскиот предмет за незаконско финасирање на ВМРО-ДПМНЕ, го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.

Следното рочиште за предметот „Титаник“ е закажано за 7 декември. Иако станува збор за едно од првите обвиненија поднесени од поранешното СЈО, овој случај се уште е во фаза на доказна постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања