Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Ткаченко: Мојата порака до „Охридско лето“ е да ги продолжи ваквото ниво и квалитетот на програмата што ја нуди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
MEGA2965

Фестивалот „Охридско лето“  ја продолжи годинешната програма вчеравечер со концерт за виолина и пијано на украинските уметници, виолинистот Дима Ткаченко и пијанистот Роман Лопатински што се одржа во црквата „Света Софија“.

Изборот на потешките дела од класичната музика што ги изведоа Ткаченко и Лопатински, само потврди дека се работи за двајца уметници, кои иако млади, сепак се виртуози на своите инструменти. И двајцата првпат настапуваат на „Охридско лето“, но како што рекоа, добро се информирани дека станува збор за фестивал со огромно реноме кој ги негува високите уметничко-естетски вредности.

— реклама —

-На двајцата ни е прво учество на „Охридско лето“. Чувствувам огромен наплив на емоции, не само од настапот во „Света Софија“, туку и од сета таа убавина што нѐ опкружува. Многу сум благодарен на публиката зашто беше максимално сконцентрирана на она што ние го изведувавме. Со секој здив ја чувствуваме публиката и тоа е многу скапоцено за нас како уметници.  Охрабрувачки е, што фестивалот, во ова чудно и застрачувачко време, и покрај пандемијата од ковид 19 не ја прекина програмата. Мојата порака до „Охридско лето“ е да ги продолжи ваквото ниво и квалитетот на програмата што ја нуди, изјави по завршувањето на концертот, виолинистот Ткаченко.

— реклама —

На репертоарот беа Соната за виолина и пијано бр. 11 од Лудвиг ван Бетовен, Соната  за виолина и пијано  бр. 3 од Јоханес Брамс, Интродукција и рондо капричиозо оп. 28 од Камиј сен-санс, а прекрасната вечер беше заокружена со композицијата Цигански напеви од Пабло де Сарасате.

— реклама —

Уметниците кои дојдоа од Украина за да настапат пред фестивалската публика,  започнале да ги изучуваат своите инструменти уште на петгодишна возраст. Ткаченко и Лопатински се лауреати на голем број меѓународни натпревари, а настапуваат во светски познатите концертни сали.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања