Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Тоа што Данела Арсовска ништо не работи, не може да го оправда со трибини за жалење, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
266695852_400721481739184_765944474006890904_n

„Тоа што Данела Арсовска ништо не работи, што нема ниту еден проект, ВМРО-ДПМНЕ не може да го оправда со трибини за жалење“, вели СДСМ.

Тие додаваат:

„Поминаа месеци а Данела Арсовска нема ниту еден проект сработено. Дополнително, Арсовска ги закочи клучните проекти, го запре развојот на градот комплетно.

Проектот за ефикасен и еколошки транспорт за кој се обезбедени 70 милиони евра, БРТ, Арсовска го прекина. Очигледно заради диловите на Мицкоски со автобуси.

— реклама —

Мостот во Аеродром Арсовска го стопираше, проект важен за намалување на сообраќајниот метеж во големи општини како Аеродром и Гази Баба.

Универзална сала, стои нечепната, објект симбол на скопската култура и солидарност.

— реклама —

Мостот на Љубљанска во Карпош за којшто исто така има обезбедено пари стои закочен. Улиците кои претходната локална самоуправа ги започна исто така стојат нечепнати.

Нема нови паркови, нема буквално ништо од Данела Арсовска. Освен сомнителни дилови со Христијан Мицкоски за кои институциите допрва треба да истражуваат.

— реклама —

Среде енергетска криза Арсовска ги остави скопјани без парно.

ВМРО-ДПМНЕ раководи со повеќе од пола општини, а резултатите се еднакви на нула, едно големо ништо“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања