Промени тема
Контакт

Тоа што власта крие за што преговара со Бугарија, вели Митева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
180120222_PVRSM-_Kovacevski_precek-na-premierot-na-Bugarija_1

Во однос на прашањето за спорот на Бугарија со Македонија имам чувство дека преговорите на ЕУ ќе се сведат на барањата од страна на Бугарија, а не на реформи кои и се потребни на Македонија. Како партија постојано алармираме дека позади ова барање кое е пред јавноста дека станува збор за вметнување на Бугарите во Уставот, се крие нешто друго за што се преговара, изјави Марија Митева член на ИК и портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ за Анализа на 24 Телевизија.

Таа појасни дека се работи за тоа што постојано го говори ВМРО-ДПМНЕ дека се тргува со македонскиот јазик и идентитет и дека преговорите се однесуваат во таа рамка, а не тоа со внесување на Бугарите.

— реклама —

- Колку и власта да не трга на страна будно ги следиме работите, колку и да ги кријат информациите кои ги дознаваме од медиумите, наместо владата да биде транспарентна. Како политичка партија сме за решени и даваме конструктивност, но не за решение кое ќе задира во македонскиот национален идентитет или кое ќе задира во јазикот, нагласи Митева.

— реклама —

Таа посочи дека неконзистентните ставови на власта на СДСМ и ДУИ се гледа по тоа што премиерот одбива да седне на маса да се изгради национален консензус, а и по тоа што ја одбија Декларацијата за Гоце Делчев, но и не одговараат за писмените гаранции кои треба Македонија да ги побара.

— реклама —

- Ако на премиерот му нудиме да седнеме и да изградиме национален консензус по однос на најважното прашање и тој истото го одбива преку политичката партија, тогаш нема ли да биде легитимно прашањето за што се преговара кога од Бугарија ги имате цврстите ставови по однос на јазикот и историјата. Една работа е дипломатија, а друго е за што се преговара и се задира во македонските национални интереси бидејќи како држава имаме црвени линии со Резолуцијата во Собранието. Зошто власта не прифати Декларација за Гоце Делчев која нема ништо спорно и беше исполитизирана. Зошто не одговорат дали треба да се побараат писмени гаранции или не, вели Митева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања