Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Тобакото до ЗОО-Скопје се издава 117 евра месечно, а Скопје на пат да плаќа над милион евра оти почнала со рушење на галија два дена пред истек на концесија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Скопје
media-library8cr0dsir2fnm5BZlPv5

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјавува дека е неопходно раскинување на низа штетни договори склучени во минатото, но предупредува дека секое погрешно и непромислено постапување носи сериозни финансиски последици за градот.

— реклама —

Одговарајќи на советничко прашање за договорите што приватни компании ги имаат со Град Скопје и со јавните претпријатија, Ѓорѓиевски посочува дека веќе е влезено во процес на решавање на дел од тие случаи, но дека наследените состојби создаваат дополнителни проблеми. Како пример ја наведува првата галија во Вардар, за која вели дека пред претходното раководство на Градот (кога градоначалник беше Петре Шилегов) започнало постапка за нејзино отстранување само два дена пред истекот на концесијата, со влегување во градежни активности за рушење на објектот.

Според него, ваквото постапување резултирало со судски спор кој на прв степен е добиен од концесионерот, а како последица Град Скопје ќе треба да плати над 70 милиони денари отштета.

— реклама —

„Секое нерационално постапување носи последици“, нагласува Ѓорѓиевски, посочувајќи дека цената на ваквите одлуки ја плаќаат граѓаните.

— реклама —

Градоначалникот додава дека во моментов се бараат алтернативни решенија за справување со небулозни договори и кирии, кои суштински се штетни за градот. Како пример ја наведува киријата за објектот кој е тобако кај Зоолошката градина, кој, според него, се издава за 7.200 денари месечно.

„Ќе правиме реална проценка. Според мене, таму киријата треба да биде најмалку 2.000 евра. Не е виновен тој што плаќа, туку тој што дозволил така да се користи просторот“, истакнува Ѓорѓиевски, додавајќи дека ваквата пракса е дел од наследената состојба со која актуелното раководство мора да се соочи.

Тој порачува дека целта е да се воспостави ред, одговорно управување и заштита на јавниот интерес, но и дека решавањето на штетните договори мора да се прави внимателно, за Град Скопје да не се соочи со уште поголеми финансиски штети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

До црногорското приморје со авион од Скопје: од мај 2027 година почнуваат директните летови до Тиват

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
nova-godina-skopje

Елка од 13 метри, огромен подарок и стотици светлечки украси: Скопје за Нова година ќе биде украсено до 15 декември

Скопје | пред 1 седмица

media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

Од март директни летови од Дубаи до Скопје трипати неделно

Македонија | пред 2 седмици

media-library5kaad709soclbS56NZz

По долгогодишна запуштеност, повторно се отвораат градските цвеќарници во Скопје

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања