Пред 2-3 дена го прашав Филипче дали ни се случува Бергамо. Рече далеку сме од тоа, таму умираа луѓе пред болниците. Е, па не сме далеку! Полни се болниците, напиша на својот Фб профил новинарката менче Точи.
Точи во својата објава додава:
Сега се растрчаа Кожно и Неврологија да ги прават Ковид центар. А, пациентите со мозочни удари, дома! Цело лето имаа можност да обезбедат капацитети, да се реорганизираат. Ама се олабавија! И по одмори одеа! Нели рекоа го предвиделе овој бран. Многу болнички капацитети ќе требаат! Како можеше ова да им се случи? Како дозволија?
