„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Тодор Ивановски: Департизација на земјата, воведување на заштитни механизми и принципи кои драстично ќе го намалат влијанието на носителите на власт врз процесот на вработување, градење кариера, избор...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
todor

— реклама —

Интервју со Тодор Ивановски , „Македонски Концепт“ – Кандидат за листа на пратеници за ИЕ 5

Тодор Ивановски е Дипломиран менаџер по туризам и угостителство на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Охрид, но практично сиот професионален ангажман го врзува за културата, фестивалскиот менаџмент и независната културна сцена.Во своето професионално портфолио кое започнува да го гради пред 25 г. се вбројуваат преку две илјади културни и сoцио-културни настани, иницијативи, прокети, акции…Поборник е на департизација на општеството, културна децентрализација и поддршка на независната културна сцена.Искусен професионалец и посветен граѓански активист.

— реклама —

ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?

Тодор Ивановски: За МК Концепт дознав од социјалните медиуми. Ме бендиса начинот и стилот на „повикот“, отвореноста за  сите граѓани што сакат да придонесат кон подобра иднина; „Граѓанскиот манифест“ како платформа, граѓанскиот пристап наместо партискиот кој лично ми е одбивен; ставањето на акцент кон професионалноста наместо партиската припадност, и секако, едно што секој од нас во оваа земја го посакува: нормалноста како посакувана состојба во општеството…Се приклучив поради чувството на одговорност кон нашата заедница која е во длабока криза.

ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?

Тодор Ивановски: Да, макар сум бил дел од граѓански иницијативи, една граѓанска листа, герила акции и кампањи на граѓанскиот сектор, за прв пат прифатив ваков предизвик и формално да бидам дел од една изборна листа.

ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?

Тодор Ивановски: Живееме во деградирано општество, кое е во „термална“ фаза на распаѓање, ако можам така да се изразам. Поместени се границите помеѓу нормалното и ненормалното, легитимното и легалното, професионалното и дилетантизмот, културното и естрадното… Речиси не постои сегмент на живеењето кој не е зафатен со тој дегенеративен процес. Апатија, итроманство, клиентелизам, политички волунтеризам, страв, не-слобода, фарсичност, масовна миграција. Тоа се само неколку од состојбите. Процесот за жал оди надолу со голем интензитет. Основната причина за една ваква системска, социо-економска, па и духовна катастрофа ја гледам во злоупотребата на политичкиот систем од двете најголеми политички партии кои наизменично владеат со оваа земја скоро 30 г.  „Тие“ се претставници на таканаречената „Партократија“, која е антитеза на Демократијата. Практично „партократијата“ е паралелен политички систем во државата, кој се крие зад легитимноста, законите, дадената доверба на граѓаните и сл.

ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?

Тодор Ивановски: Пред се департизација на земјата. Воведување на заштитни механизми и принципи кои драстично ќе го намалат влијанието на носителите на власт врз процесот на вработување, градење кариера , избор и именување. Градење на отворени можности за секој граѓанин да учествува на пазарот на трудот, без оглед на партиската , етничката или било која друга припадност. Реални еднакви шанси за секој, наспрема сегашната декларативност! Професионализам наместо Партизам!

ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?

Тодор Ивановски: Ако веќе треба да ставам фокус на една или две компоненти тоа би било пред се департизација на администрацијата, како и  јакнење на граѓанскиот сектор и независната културна сцена.

ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?

Тодор Ивановски: Мојот фокус врз е градење еднакви можности за сите граѓани, и анулирање на штетните последици од досегашната пракса каде „партијата“ одлучува! Од тој аспект како човек од културата и граѓанскиот сектор, ќе се трудам моето, а и сечие друго искуство и контакти, да ги подобрам условите на функционирање во културата, посебно во делот на независната културна сцена. Оттука ќе настојувам на ист начин да придонесам подобрување на условите за делување и партнерство со реалниот граѓански сектор, кои сега се на незавидно ниво или практично не постојат.

ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?

Тодор Ивановски: Департизација на органите и институциите како основен предуслов за вистински промени и напредок на општеството, преку воведување контролни механизми и стандарди, поголема јавност и транспарентност. Промена на политичкиот систем кој се покажа како неефикасен и далеку од демократичен, со една изборна единица и отворени изборни листи и одговорност за носителите на функции.

ПОЛИТИКА: Зошто проекти?

Тодор Ивановски: Проектите се начин да се имплементираат нови идеи, стандарди, трендови во секоја област. Исто така тие се можност за вклучување на повеќе субјекти, градења партнерства…Проектите имаат јасни перформанси и видливост. Проектното работење е европски модел кој се покажа како ефикасен, секако доколку се постави на јасни основи , критериуми и индикатори за успех.

ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.

Тодор Ивановски: Посакувам да ја видам нормализирана, созреана… Демократизирана, послободна, поотворена, економски и социјално поздрава!

фото: Македонски концепт

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања