Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Тодоров исклучен од партијата бидејќи му ја дал на СДСМ базата на податоци со гласачи од ВМРО-ДПМНЕ?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
nikola-todorov-696x463

Неофицијално, според извори од ВМРО-ДПМНЕ, Тодоров го обвинуваат за тоа што базата на податоци со телефонски броеви на партиските членови на ВМРО-ДПМНЕ му била дадена на СДСМ, за што се доказ СМС пораките кои на денот на референдумот ги добивале членови од ВМРО-ДПМНЕ. Наводно, само Тодоров имал пристап таа база - пишува „Слободен печат“.

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, во изјава за печатеното издание на „Слободен печат“ вели дека точната причина за исклучувањето не му била соопштена.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ една недела по одржување на Централниот комитет пред јавноста не понуди докази врз основа на кои ги темели сознанијата за организирање група за притисоци, уцени, закани и поткуп на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со цел да гласаат за уставните измени. Поради ваквите сознанија, од партијата беа исклучени пратениците кои гласаа „за“ уставните измени, како и Никола Тодоров и Сашо Мијалков, додека Митко Јанчев беше разрешен од фунцијата потпретседаел, а Костадин Богданов беше исклучен од Извршниот комитет. Исклучените од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат писмена одлука од партијата на која имаат право на жалба.

— реклама —

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, во изјава за печатеното издание на „Слободен печат“, вели дека точната причина за исклучувањето не му била соопштена.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања