Случај кој ја згрози Србија и регионот. Против Милева Мартинов и нејзиниот сопруг Ненад Петровиќ покрената е тужба за трговија со луѓе, откако повеќе од две години ја мачеле болната Јелена В.
Обвинителствоото во Белград покрена тужба против Милева и нејзиното момче Ненад кои во својата куќа ја држеле како затвореничка 28 Јелена В, од Пнчево при што ја злоставувале и ѕверски мачеле.
На сопружниците им се заканува и 10 или 15 години затвор.
Случајот кој ја згрози Србија, но и целиот регион е откриен минатата година во октомври, откако после анонимна дојава полицијата влегла во домот на Милева и Ненад.
-Јелена раскажала дека побарала засолниште кај нив откако побегнала од своето семејство, каде исто така трпела насилство.Првите неколку месеци се сложувале добро, но потоа настанал пекол поради љубомората на Милева. Започнала брутално да ја малтретира Јелена, како физички така и психички, а набрзо на сето тоа се приклучил и Ненад.Покрај тепањето тие и корнеле нокти, ја терале да јаде измет, а Милеваја силувала со метла- раскажал извор за српски „Курир“.
После истрагата, утврдено е дека Јелена е тешко болна и има карцином.
-Толку ме мачеа, што ги молев и да ме убија, раскажала Јелена на судењето.