Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Толку од европските вредности на ДУИ и СДС- не сакаат да ја прифатат преамбулата со хрватскиот модел која е земја членка на ЕУ, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
26082022_pres_PVRSM-Kovacevski_Nikolovski_1-1

Власта на ДУИ и СДС го покажаа своето лицемерие на дело, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Толку од европските вредности на ДУИ и СДС. Самите предлагаа уставни промени по хрватскиот модел на преамбулата, модел на земја членка на ЕУ, за сега никаде да ги нема.

— реклама —

Наместо криење по канцеларии, како што тоа го прави власта, ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно кажува дека хрватскиот модел, таков каков што е, да се преслика во уставот на Република Македонија.

— реклама —

Молкот на власта на Ковачевски покажува дека тие не се спремни една таква европска преамбула да ја прифатат, туку сакаат повторно да прават егзибиции.

Егзибициите на СДС и ДУИ веќе му се преку глава на народот.

— реклама —

Граѓаните гледаат дека не си имаат работа со европски политичари во власта, туку само со кариеристи кои заради личен интерес се подготвени да направат се само да се задржат некој ден повеќе во фотелја.

— реклама —

Овие луѓе, на чело со Ковачевски немаат ниту европски вредности, ниту имаат национално и државничко чувство. Тие се купи ден политичари, кои тргуваат со националните интереси.

Последната реторика која ја имаа со предлагање на хрватскиот модел на преамбула, од која потоа самите ретерираа, само ја покажува нивната кусогледост и хипокризија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања