Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Томи Пол по поразот од Алкарас: „Разликата во нивото беше огромна, ужасно чувство“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Спорт
media-librarycaepsp92h77veGi6ubj

Томи Пол не криеше дека бил целосно немоќен против Карлос Алкарас во осминафиналето на УС Опен. Американецот на „Артур Еш“ беше убедливо надигран од бранителот на титулата, а по мечот се обиде да објасни зошто не успеал посериозно да му се спротивстави на Шпанецот.

— реклама —

„Морав многу подобро да ја погодувам бекхенд дијагоналата. Речиси по секој мој бекхенд, тој успеваше да се извлече и да нападне со форхенд. Имав чувство дека многу побрзо преминуваше во напад“, изјави Пол.

Посебен проблем за Американецот била способноста на Алкарас од целосно неутрална ситуација речиси веднаш да ја преземе контролата врз поенот.

— реклама —

„Не успевав ниту да излезам на мрежа бидејќи ме уништуваше со неутралните топки. Од неутрална ситуација преминуваше во напад со неверојатна брзина“, рече Пол.

— реклама —

Американецот отворено призна какво било чувството да се игра против Алкарас во вакво издание.

„Разликата во нивото меѓу нас денеска беше огромна, а тоа е ужасно чувство кога сте на теренот“, призна Пол.

Неговата оценка се совпадна и со впечатокот на Енди Родик, кој по мечот порача дека е „застрашувачки“ тоа што Алкарас целосно го надиграл Пол, иако Американецот, според неговото мислење, одиграл прилично добро.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh8356bdbmgu2c4AUqOv

Алкарас се врати на тронот: Прва титула по 247 дена

Спорт | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarycaepsp92h77veGi6ubj

Алкарас со пресврт и доминација до третото коло во Токио

Спорт | пред 3 седмици

media-librarycaepsp92h77veGi6ubj

Алкараз по драматичниот пораз: „Шелтон е ѕвер, неверојатен играч“

Спорт | пред 1 месец

media-libraryeqqtcikqta6f4IB6Vr3

Алкарас се пошегува со маичката на УС Опен: „Премногу ми се гледаа брадавиците“

Спорт | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања