„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Томовски: Дали причината за молкот на Владата за францускиот предлог е поради фактот што тие веќе го имаат прифатено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Ivica-Tomovski-21.06.2022

Според нашите информации предлогот од Париз е одобрен од каналите за комуникација помеѓу Македонското МНР и Француската Република. Владата на Македонија се согласила со последниот катастрофален предлог за Македонија. Дали причината за молкот на Владата за овој предлог е поради фактот што тие веќе го имаат прифатено? Јавно нека кажат кој е нивниот став, Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Дали се свесни дека доколку го имаат прифатено предлогот кој ги содржи сите бугарски барања, прават ново национално предаство. Јавно нека каже, дали Ковачевски се согласил со бугаризација на Македонија?

Предлогот кој ги вклучува сите Бугарски барања во рамката за преговори за влез во ЕУ е со амин на македонските власти. Со предлогот се условува влез на Македонија во ЕУ со бугаризација која ќе се спроведува етапно, а сето тоа ќе биде надгледувано од Комисија. Предлогот не е решение на проблемот, тој ќе создаде мноштво други проблеми кои имаат за цел да ги асимилираат Македонците. Предлогот не е воопшто европски и не се потпира на вредностите за хуманост, соработка и рамноправност.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потенцира дека го отфрла овој предлог и нема да поддржи никакво решение кое е на штета на Македонските интереси.

Ајде на избори, па народот да одлучи за францускиот предлог и за тоа како понатаму со државата“, дпдава тпјк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања