Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Томовски: Ковачевски лаже, УО донел одлука за продажба на хотелите на Попова Шапка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Tomovski

Васко Ковачевски и СДСМ лажат и во страв дека им се откриени сите малверзации се закануваат со тужби. Ова е доказ дека УО на АД ЕЛЕМ донел Одлука со која се одобрува претпријатието да достави предлог за донесување одлука за продажба на хотелите на Попова Шапка до владата на Република Македонија, истакна Ивица Томовски од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

УО на АД ЕЛЕМ со потпис на Ковачевски сака да го приватизира имотот на ЕЛЕМ Турс на Попова Шапка. Ковачевски и СДСМ на два месеци пред избори, во надеж дека никој нема да примети сакаат да распродадат милионски имот сопственост на државата.

— реклама —

Ова е доказот дека на СДСМ им се побитни профитите на поединци кои треба да ги земат хотелите на Попова Шапка, отколку граѓаните и државниот имот. Туристичкиот комплекс Попова Шапка е со огромен потенцијал и неодговорниот однос со истиот наместо туристи и приноси во буџетот ќе донесе затворање на истиот.

Апелираме веднаш да се запре процесот на распродавање. Пред било што да се направи со овој комплекс потребна е сериозна и темелна анализа и студија. Сите инволвирани во случајот треба да знаат дека не смеат на шверцерски начин на два месеци пред избори да распродаваат државен имот. Одговорност за секое незаконско дејствие ќе има за сите инволвирани во случајот, истакна Ивица Томовски од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

— реклама —

фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања