Томовски со потпис на Мицкоски бил избран за Управител на ЕЛЕМ Турс ДООЕЛ Скопје и зел над 30.000 евра, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Ivica-Tomovski-1

ВМРО-ДПМНЕ е партијата на паразити и тоа е докажано со факти и документи, вели СДСМ

— реклама —

„Додека граѓаните осиромашуваа и тонеа во сиромаштија функционери од ВМРО-ДПМНЕ земале огромни суми на народни пари, како на месечно така и на годишно ниво.

— реклама —

Повеќе од 93.000 евра пари од граѓаните завршиле кај Мицкоски во тој период на ВМРО-ДПМНЕ а кај Гордана Кочоска Димитриевска над 67.000 евра.

— реклама —

Но тука не завршува листата на паразите од ВМРО-ДПМНЕ.

Ивица Томовски, човекот што секој ден од белиот дворец, од симболот на криминалот и корупцијата, зборува за паразити и самиот е паразит на ВМРО-ДПМНЕ кој земал огромни пари од граѓаните во време на ВМРО-ДПМНЕ.

Томовски од ВМРО-ДПМНЕ со потпис на неговиот шеф Мицкоски бил избран за Управител на ЕЛЕМ Турс ДООЕЛ Скопје во 2017 година, позиција на која само од плати тој од граѓаните зел над два милиони денари или над 30.000 евра.

И тука не е крајот, токму Томовски пред да биде избран од Мицкоски за управител на ЕЛЕМ Турс добивал тендери токму од ЕЛЕМ за чистење на деловните простории преку приватна фирма Сити логистик.

Томовски на тој договор вреден над 2,6 милиони денари или над 42.000 евра е потпишан како управител на фирмата Сити Логистик.

Од другата страна, потписник е тогашниот директор на АД ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски.

Двоецот Мицкоски - Томовски потпишал уште еден договор вреден околу еден милион денари или близу 16.000 евра.

Срамно и безобразно е денес токму Томовски да зборува за паразити кога тој и Мицкоски во време на најголема сиромаштија, кога минималната плата беше 8.000 денари, се богателе на грбот на граѓаните.

Ништо не го менува фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на паразити“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања