Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Тони Надал: Верувам дека ова е последната сезона на Новак Ѓоковиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Спорт
Novak-Dokovic-rio

Шпанскиот тениски тренер Тони Надал смета дека крајот на блескавата кариера на Новак Ѓоковиќ е сè поблиску и дека актуелната сезона би можела да биде последна за српскиот тенисер.

Легендарниот тренер и чичко на Рафаел Надал, во пресрет на АТП турнирот на Мајорка, зборуваше за повеќе тениски теми, а особено се осврна на Ѓоковиќ и неговата потрага по уште еден голем трофеј.

— реклама —

„Пред Ролан Гарос ме прашаа дали го гледам Ѓоковиќ како освојувач на турнирот и одговорив негативно. Не затоа што не го ценам, туку затоа што времето минува. Кога треба да играте пет сета на секои два дена, закрепнувањето повеќе не е исто. Ниту патувањата не се исти, пристигнувате подоцна и сето тоа влијае на играта“, изјави Тони Надал.

— реклама —

Тој смета дека Ѓоковиќ продолжува да се натпреварува исклучиво поради најголемите предизвици.

„Тој игра за да се обиде да освои уште еден грен-слем. Во спротивно, која е поентата за човек кој освоил сè? Затоа мислам дека ја гледаме неговата последна сезона“, порача шпанскиот стручњак.

— реклама —

Новак Ѓоковиќ наскоро ќе настапи на Вимблдон, кој започнува на 29 јуни, а останува неизвесно дали тоа ќе биде неговиот последен настап на тревните терени во Ол Ингланд Клубот.

— реклама —

Тони Надал направи и споредба меѓу Новак Ѓоковиќ и неговиот внук Рафаел Надал, нагласувајќи дека токму љубовта кон тенисот ги одржала на самиот врв толку долго.

„И Рафаел и Ѓоковиќ останаа релевантни затоа што го сакаат тоа што го прават. Го сакаат тенисот и имаат желба секогаш да го дадат најдоброто од себе“, истакна Тони Надал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-01-28-at-14.21.38

Ѓоковиќ повторно на теренот во Париз, во второто коло против Австралиецот Хиџиката

Спорт | пред 2 дена

— реклама —
Screenshot-2022-02-15-083943

Познат е терминот за првиот меч на Ѓоковиќ на мастерсот во Париз

Спорт | пред 3 дена

media-librarym2bnjo6ajfqrfBcjgO3

Ѓоковиќ ги дозна противниците на Мастерсот во Париз, прв предизвик ќе му биде тенисер од Монако

Спорт | пред 6 дена

Screenshot-2024-01-28-at-14.21.34

Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата

Спорт | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања