„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ТОП ТРИ: Името не го даваа - но им го земаа, ама илјадници евра патни трошоци задржаа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
page-1

За три мандати седење во пратеничките клупи, односно вкупно 9 години, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Цуклев, од Собранието добил над 153 илјади евра по разни конта, но најголем дел за „патување во земјата - патни расхиди“. Овој податок го покажува дата базата на Министерството за финансии. Цуклев е по потекло од Гевгелија, па за секојдневно патување од Скопје до неговото место на живеење добивал соодветен надомест. Цуклев е на прво место по трансфери за периодот од 2010 година па до сега.

— реклама —

По него, на листата е пратеничката Лилјана Затуровска која земала скоро исто средства колку него, односно над 153 илјади евра. Таа парите ги земала за да патува од нејзиниот дом во Битола до своето работно место во Скопје.

На трето место по трансфери извшени од собраниската сметка е уште една експратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, со земени вкупно 128 илјади евра. Таа беше пратеник во Собранието цели два мандати, односно до 2014 година. Но, 128 илјади евра ги земала за само четири години како пратеник во Собранието.

— реклама —

Пресметките за патните трошоци се автоматски и се прават според цената на горивото, километрите и оддалеченоста на местото на живеење и нив ги прави автоматска програма во законодавниот дом.

Во изминатите години имаше жестоки реакции дека пратениците кои потекнуваат од подалечните места од Скопје во 2017 и 2018 година зеле високи патни трошоци поради проблематичната методологија на пресметка.

Патни трошоци е една од ретките теми која ги обединува сите пратеници. Кога ќе се споменат овие трансфери на пари, власта и опозицијата се секогаш заедно, односно делат исти ставови и се штитат меѓусебно.

 

 

153 илјади евра

 

2014

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања