Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

„’Топлотен бран 2023’’ во Кисела Вода за заштита од високите температури: на граѓаните им се делат шишиња со вода и препораки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Општина Кисела Вода во соработка со Општинската Организација на Црвен крст–Кисела Вода, започна со спроведување на проектот „Топлотен бран 2023“.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

„Во насока на заштита и превенција на здравјето на граѓаните, од вчера кога поради високите температури земјава влезе во ‘’портокалова фаза’’, локалната самоуправа заедно со Црвениот Крст излегоа со заеднички мерки.

— реклама —

Вчера во населбите 11-ти Октомври-згради и Цветан Димов, а денес и во населбта Драчево и Пинтија, мобилни екипи составени од возило на Црвениот Крст, медицинско лице, претставници од месните заедици низ општината, волонтери на Црвен Крст, на граѓаните им делат шишиња со вода, а добиват и препораки како да се заштитат од високите температури“ велат од општината.

— реклама —

Проектот продолжува и во наредните денови во сите поголемите паркови, на фреквентни локации, на пазарите, на автобуските постојки, низ сите месни и урбани заедници во општина Кисела Вода.

— реклама —

Оттаму апелираат до сите граѓани за почитување на здравствените препораки на надлежните институции додека трае овој топлотен бран.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања