Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Топлотен бран ќе ја зафати Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
rljnjfnjegergr-221751

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ и во текот на следните денови времето во државава ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена облачност додека денес доцна попладне и навечер како и утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Викендов максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени денес и од 25 до 33 степени утре. Во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за изолиран развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град, соопшти метеорологот Славчо Поповски.

— реклама —
— реклама —

Во текот на следната недела температурите на воздухот ќе бележат тенденција на понатамошен пораст па така истите во централните и во југоисточните предели се очекува да се искачат до околу 40 степени. Сепак поради загреаната атмосфера и исполнета со енергија во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачноста проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите има услови да бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на водел талог, силни електтрични празнења, силен ветер и појава на град па токму поради ова, односвно во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе има коефициент некаде од 10 до 11 па поради ова доколку излегувате во најтоплиот дел од денот ЗАДОЛЖИТЕЛНО со вас да понесете заштитна опрема односно капа и наочари за сонце и да се внесува поголемо количество на течности.

— реклама —
— реклама —

Сепак и покрај локалната дестабилизација на времето продолжува вистинското лето кое што неодамна започна па така лубителите на плажирањето конечно ќе си дојдат на своето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања