Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Тошковски: Народот нема доверба во власта, велеа дека сме почнале преговори уште пред 4 години, а сега не убедуваат да смениме Устав

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

„Власта пред четири години кажа дека сме почнале со преговори со Европската Унија, за сега да не убедува дека треба да смениме Устав, за да почнеме преговори. Затоа народот нема многу верба во оваа власт бидејќи власта континуирано од ден на ден лаже, не ја кажува вистината, ја манипулира јавноста и се труди да го дефокусира македонскиот народ од се освен од оние теми кои се од интерес за нив“, изјави претседателот на Комисијата за правни прашања на ВМРО-ДПМНЕ Панче Тошковски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

— реклама —

Тој додаде дека луѓе кои не ја сакаат државата не може ниту да ја менаџираат.

— реклама —

Тошковски посочи дека луѓето што ја менаџираат државата не работат, не се професионални, не ја сакаат државата и затоа сме на ова дереџе на кое што сме.

— реклама —

„За да дојдеме до нормални вредности и да направиме разлика на што е добро и лошо треба да се вратиме на нашата традиција од нашите предци и да ги вградиме во делот на професионалност, нови идеи и пред се да си ја сакаме и вратиме на државата Република Македонија, што ни овозможила да функционираме“, кажа Тошковски.

— реклама —

Тој е дециден дека основната теорија на луѓето кои денеска се власт во Република Македонија е да чекаат да дојде некој од некаде и да ја просветли Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања