Последните високи бројки на заболени од коронавирусот во Македонија се следи и во соседството, особено во Србија чии граѓани се надеваат на брзо отворање на гранците и заминување на одмор во Грција. Но, традиционалните туристи од Србија веќе се подготвуваат за алтернатива – наместо преку Македонија до плажите во Грција да стигнат преку Бугарија.
На социјалните мрежи на групите популарни каде граѓаните разменуваат најразлични информации за патувања и одмор во Грција се почесто се поставуваат прашања каде и како да се вози од Србија до Халкидини, Кавала или некое друго туристичко место во Грција, објави 24auto.mk.

Наместо традиционалната рута, на пример од Белград преку Ниш, Прешево, Куманово, Скопје, Гевгелија – Солун, сега туристите би оделе на рутата Белград – Ниш, Пирот, Софија, Благоевград, Сандански, Серес – Солун.