Четири лица загинаа откако чамец се превртел денеска на Скадарското Езеро, во близина Врањина во Црна Гора. Се работи за тричлено семејство и момче, кое се обидело да ги спаси.
Медиумите неофицијално информираат дека чамецот со неколку лица бил во обиколка на тамошниот манастир, но поради невреме од силен ветер и големи бранови чамецот се превртел.
Еден од лицата кои биле во чамецот успеало да доплива до брегот. Тој за медиумите изјавил дека во несреќата настрадале мајка, татко, ќерка и момче што се обидело да ги спаси.