Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Трагедија кај Мисисипи: Шестмина загинаа во пад на мал авион, меѓу нив и две деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 15 минути -

Свет
media-libraryl69l28rdkaop08ebhsX
Фото: Илустрација

Трагичен крај имаше летот на мал авион „Цесна 210“, кој се урна во морето во близина на островот Хорн, крај брегот на американската сојузна држава Мисисипи. Во несреќата загинаа сите шест лица во леталото, меѓу кои и две деца на возраст од осум до десет години.

— реклама —

Авионот летал од Њу Орлеанс кон Форт Мајерс на Флорида, кога од засега непознати причини почнал нагло да ја губи висината и паднал во морето. Во него се наоѓале четворица возрасни и двете момчиња.

— реклама —

Откако леталото исчезнало од радарите, американските спасувачки служби започнале опсежна потрага. По четири часа пребарување, нуркачите ги пронашле телата на сите патници во потонатиот авион.

— реклама —

Податоците од следењето на летот покажуваат дека авионот почнал нагло да се спушта околу половина час по полетувањето, од височина од околу 2.680 метри. Непосредно пред да исчезне од радарите, се движел со брзина поголема од 320 километри на час.

— реклама —

Американската крајбрежна стража изрази сочувство до семејствата на загинатите. Причините за несреќата сè уште не се утврдени, а надлежните институции спроведуваат истрага.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања