Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трагедија на експресниот пат Прилеп–Градско: Загинаа две лица, прилепчанец се бори за живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ
Скопје1.мк

Две лица го загубија животот, а едно лице се наоѓа во критична состојба по тешка сообраќајна несреќа што се случила на експресниот пат Прилеп–Градско, пред клучката кај Кавадарци.

— реклама —

Според првичните информации, во несреќата директно се судриле две патнички возила. Во едниот автомобил животот го загубиле маж и жена, додека во другиот автомобил се наоѓал 39-годишен жител на Прилеп, кој со тешки повреди итно бил пренесен во болницата во Кавадарци.

— реклама —

На местото на несреќата веднаш интервенирале екипи на Итната медицинска помош, полициски службеници и пожарникари, кои го извлекувале тешко повредениот од возилото.

— реклама —

Увидната екипа на Министерството за внатрешни работи и натаму работи на утврдување на причините за несреќата.

— реклама —

Експресниот пат Прилеп–Градско беше пуштен во употреба минатото лето, а за само неколку месеци на оваа делница животот го загубија седум лица, додека повеќе од десетмина беа тешко повредени во сообраќајни несреќи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања