Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

ТРАГЕДИЈА: Родилка од Охрид и нејзиното бебе починаа на скопска Гинекологија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ginekologija

На 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје е примена второротка од Куманово на возраст од 27 години која во 20:15 поради намалена плодова вода и влошена општа состојба е породена со царски рез. Пациентката е спроведена и породена во изолација, заради фактот што истата како суспектна на Ковид-19 и упатна дијагноза која укажува на намалената плодова e најавена и испратена на Клиниката преку својот матичен лекар, информираат од клиниката.

Соопштението на Клиниката за гинекологија го објавуваме во продолжение

На пациентката освен комплетната лабораторија, земен и е и брис за Ковид- 19 чиј што резултат е стигнат вчера попладне во 18.00 часот и истиот е позитивен на вирусот.

— реклама —

Пациентката роди живо машко новороденче кое е недоносено и во моментов се наоѓа на интезнивна нега на ГАК. Новороденчето е изолирано  и е во добра општа состојба, не е на машина туку само со кислородна хауба. Денеска на бебето ќе му биде земен брис и направен тест на Ковид-19.

Пациентката при приемот е без температура, но во својот исказ посочува дека пред 3 дена имала грозница и се пожалила на сува кашлица. Пациентката укажа на тоа и дека нејзиниот свекор, исто така од Куманово, е позитивен на  Ковид- 19.

Со пациентката е постапено по сите протоколи за прием на заразен пациент како во однос на нега и третман, така и во однос на адекватна заштита на персоналот и изолација на пациентот.

— реклама —

Вчера  родилката почна да развива потешка клиничката слика, отежнато дишење со намалена сатурација, по што е веднаш префрлена и хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

-На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доцна синоќа почина пациентка на возраст од 37 години од Охрид, родилка која вчера попладне е донесена во Скопје со возило на брза помош во фебрилна состојба со мртов плод во стомакот.

На жената уште веднаш и е направена целосна лабораторија и земен брис за Ковид-19. Лекарите оперативно го извадија плодот, а од стомакот на мајката е евакуиран гној. Можна причина за фебрилноста е септичната состојба на пациентката, но тестот треба да утврди или отфли присуство на коронавирус.

— реклама —

За време на интервенцијата состојбата кај пациентката се влоши при што истата беше интубирана, се пристапи кон целосна реанимација, но за жал во 22.00 е констатирана смрт. Причина за смртта е сепса со масивна тромбемболија, а пациентката ќе биде пратена на обдукација по што ќе има егзактна дијагноза.

Се работи за екстремно обезитна пациентка која  во последните 5 месеци воопшто не се ни движела, а согласно податоците од докторите во Охрид, пациентката не ги извршувала ни потребните гинеколошки контроли.

Сега починатата родилка е донесена без претходна најава од матичен лекар и оставена пред влезот на Клиниката. По измерената телесна температура, таа е веднаш спроведена на посебен влез до одделението за изолација.

— реклама —

За потсетување, еден дел од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје функционира за родилки супсектни и позитивни на Ковид-19. За таа намена е воспоставен целосен протокол на изолација од влез, патека на движење, посебна родилна сала, бокс и тим. 

Од Клиниката за гинекологија и акушерство апелираме уште еднаш сите пациентки кои доѓаат на клиниката да се придржуваат кон сите насоки кои се упатуваат од Министерството за здравство во однос на заштитата на сопственото здравје и околината, но исто така се упатува и апел за целосно и вистинито давање на информации при прием со цел адекватно и навремено превземање на адекватни мерки кои се однесуваат на вашето здравје и безбедноста на здравстевниот персонал.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања