„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Трагедија што можеше да се спречи – јавноста бара одговорност од судиите и обвинителите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library08l519k4vj934g9OFt2

Трагедијата во Велес, кога 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот татко беа убиени од нејзиниот поранешен партнер, ја разгневи јавноста и предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

— реклама —

Докторантката по невронаука, Ирена Чаушевска Даниловска, побара протестите да се насочат кон судовите и обвинителството, наместо пред МВР. Таа посочи дека полицијата имала наложени мерки и ги спроведувала, но судот и обвинителството му го укинале домашниот притвор на сторителот и изрекле условна казна за сериозни дела на насилство и киднапирање.

„Пет дена подоцна – Росица и нејзиниот татко се мртви. Ако градежен инженер за една грешка оди во затвор, зошто судиите и обвинителите немаат никаква одговорност кога нивните одлуки директно доведуваат до убиства?“, напиша таа, барајќи кривична и дисциплинска постапка за надлежните судии и обвинители и законски измени со кои ќе се забранат условни казни за насилници.

— реклама —

Инфлуенсерката Миа Костова исто така се огласи, нарекувајќи го случајот „вистински хорор“. Таа потсети на свои претходни искуства со закани и непостапување на институциите и порача дека „забраната за приближување“ е бескорисна мерка. „Пријава, насилство, закани – притвор. Па нервирај се од таму и објаснувај се дали е твоја или не“, напиша Костова.

Реагираше и активистката Ина Многуфина, која праша кој ќе понесе одговорност за тоа што Росица не добила заштита и покрај бројните пријави против убиецот. „Некој сметал дека овој човечки отпадок треба да е на слобода и да може да ја малтретира. Некој не видел проблем во тоа. Прашањето е кој? Тоа сакаме да знаеме – кого плаќаме за помош, а не помага?“, напиша таа.

По трагичниот случај, сè погласни се повиците за конкретна одговорност на судиите и обвинителите кои носат одлуки што, според критичарите, директно ги ставаат жртвите во животна опасност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања