Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Трагедија во Виндзор: Војник загина по пад од коњ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library8e9fvkor7u1u4EGelSt
фото: unsplash

Припадник на Кралската церемонијална и коњичка единица на британската армија им подлегнал на тешките повреди откако паднал од коњ, јавуваат британските медиуми.

На повредениот војник веднаш му била укажана лекарска помош на лице место, но тој починал, пренесува „Гардијан“.

— реклама —

Несреќата се случила по завршување на прикажување на коњичка вежба во градините на Виндзорскиот дворец, соопштила полицијата.

— реклама —

Војникот паднал од коњ во петок навечер, по излегување од арената. И покрај брзата медицинска интервенција, тој починал на лице место.

Полицијата соопшти дека случајот се третира како неразјаснет, но дека нема сомнителни околности.

— реклама —

Манифестацијата во Виндзор продолжува според планот, но ќе биде изоставен дел од програмата на Кралската коњичка единица.

— реклама —

Полицијата апелира сите кои имаат информации да се јават и да помогнат во истрагата.

Портпарол на Бакингемската палата соопшти дека кралот Чарлс е длабоко потресен од смртта на војникот и ќе стапи во контакт со семејството за да изрази сочувство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања