Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Трагедија во Хрватска: Четири лица загинаа во судир на катамаран и едрилица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Балкан
media-libraryd1ei23rpm0jo5I6eMBE
screenshot

Во тешка поморска несреќа што се случи во Хрватска, во акваторијата меѓу островите Шолта и Брач, загинаа четири лица откако се судрија брзиот патнички катамаран „Крило Еклипс“ и едрилица под француско знаме.

— реклама —

Несреќата се случила кај Сплитските Врата, во близина на Брач. Катамаранот, на кој имало 118 патници, пловел од Сплит кон Хвар, додека едрилицата, на која се наоѓале чешки државјани, се движела во истата насока од Трогир.

— реклама —

На местото на несреќата бил извршен увид под раководство на Жупаниското државно обвинителство во Сплит, во кој учествувале вештаци за поморски сообраќај, специјалисти за бродска електроника и полициски екипи.

На местото биле пронајдени телата на три лица, додека четвртото тело било забележано во потонатата едрилица. Поради темнината, увидот бил прекинат и продолжен следното утро, а деталниот преглед на едрилицата ќе биде извршен по нејзиното извлекување од морето.

— реклама —

Хрватското обвинителство нареди токсиколошки анализи и поморско-технички вештачења за да се утврдат точните околности што довеле до трагедијата.

— реклама —

Иако во јавноста се отвори прашањето кое пловило имало предност при минување, хрватските власти посочуваат дека одговорот ќе биде познат дури по завршувањето на официјалната истрага.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryuet8m239krev3GUFWbs

Стан од 70 квадрати во Сплит се продава за 1,3 милиони евра, недвижностите во Хрватска поскапеле за 73 проценти

Балкан | пред 3 часа

— реклама —
crna-gora-eu-1-750x430-1

Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора за спорот околу Превлака пред влезот во ЕУ

Балкан | пред 11 час

traktor

Хрват со трактор поминал преку бомба, поминал без повреди

Свет | пред 2 дена

zagreb-ubistvo-policija

Албански државјанин уапсен во Загреб, осомничен за помагање во убиството на припадник на кавачкиот клан

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања