Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Трагедија во Загреб: Воз налета млад човек, починал на лице место

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Hrvatska-policija

Млад човек од Загреб загина утрово кога на него налетал воз во загрепски Бузин.

Како што потврдија за 24сата.хр од полициската управа во Загреб, околу 08:50 часот примиле пријава за несреќата, при што изјавиле дека се работи за малолетно лице.

— реклама —

„Засега ќе го третираме како несреќен случај. Истрагата е во тек, а се утврдуваат сите околности“, кратко соопштија од полициската управа во Загреб.

Како што неофицијално дознава порталот, станува збор за млад човек кој одел на тренинг и ја поминал железничката пруга. Истрагата ќе покаже што го спречило да го види или слушне возот.

— реклама —

Од Хрватски Железници го потврдија дека линијата била затворена поради инцидентот.

„Поради инцидентот возовите на релација Загреб ГК - Сисак - Загреб ГК сообраќаат на помошната релација Загреб ГК - Загреб Ресник - Загреб Житњак - Велика Горица. Патниците кои патуваат кон Загреб Клара, Бузин, Одра и Велика Горица и обратно се насочени кон јавниот градски превоз“, пишуваат оттаму.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања