Трагедијата во Гостивар го активираше алармот. Владата иницираше итни законски измени. На маса треба да седнат експерти од Министерството за земјоделство и Агенцијата за храна и ветеринарство но и граѓански активисти. Сепак нема прецизен рок кога ќе се донесат конкретни решенија.
„Нема теоретски шанси ова да се одолговлечи, сите сме граѓани и знаеме што се случува во градовите.“ - изјви Миле Бошњаковски.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека прво треба да се формира Комисијата, па потоа да ги изнесат своите предлози.
Граѓанските здруженија за заѓтита на животните и експретите пак на ист став. Велат проблемот лежи во немањето на соодветен меганизам на контрола и едукација кај сопствениците. Анима Мунди најавија дека ќе достави свои барања до парламентот.
„Ние веќе имаме спремно законски измени, директно ќе одиме со барање за законски измени.“ - вели Радмила Пешева од Анима Мунди.
Веста за смртта на девојчето во Гостивар, кога го загуби животот во водите на вардар, бегајќи од кучиња скитници се уште ја бранува македонската јавност. Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари за утре најави прес-конференција на која ќе образложи со кои мерки ќе го надминува проблемот со кучињата.