Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трагична загуба за Клиничката болница во Тетово: Почина д-р Малтина Ферати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 54 минути -

Македонија
media-library6pdbvfepp3lh1vCWbuH

Со емотивна порака и изрази на длабока тага, Клиничката болница во Тетово се прости од д-р Малтина Ферати, која го загуби животот во сообраќајна несреќа. Нејзината смрт претставува голема загуба за колективот, во кој со години работела посветено како раководителка на Лабораторијата.

— реклама —

Од болницата истакнуваат дека д-р Ферати била посветена на својата професија, одговорна во извршувањето на работните задачи и целосно посветена на пациентите. Покрај стручноста и професионалноста, колегите ќе ја паметат и по нејзината добрина, насмевката, позитивната енергија и подготвеноста секогаш да им помогне на другите.

— реклама —

Нејзиното прерано заминување, како што наведуваат од установата, остава голема празнина меѓу колегите и соработниците, а нејзиниот професионален придонес и спомените што ги оставила ќе продолжат да живеат во историјата на болницата.

— реклама —

Во име на целиот колектив, Клиничката болница во Тетово упати искрено сочувство до семејството, блиските и пријателите на д-р Малтина Ферати.

— реклама —

„Нека почива во мир!“, се наведува во пораката на болницата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања