Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Трагично згасна животот на младиот охридски фотограф Кристијан Љушев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Охрид
media-libraryk35pg0ectov9bLgZs9h

Во својата 28-ма година, во трагичен настан што денеска се случи во станбена зграда во изградба, животот го загуби младиот охридски снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев.

— реклама —
— реклама —

Кристијан Љушев ѝ припаѓаше на новата генерација креативци кои со својот израз и енергија оставија препознатлива трага на домашната сцена. Зад себе остави бројни аудиовизуелни проекти што допреа до широка публика, работејќи во различни формати – од рекламни кампањи и музички видеоспотови до документарни и интернационални продукции. Како автор и креативен соработник, соработуваше со низа познати музички имиња, меѓу кои Александар Јосифоски, Мартин Милески, Влатко Броз, групата „Марама“ и други.

— реклама —

Особено место во неговото творештво имаа проектите инспирирани од македонската традиција, духовност и културно наследство. Со својата камера ги бележеше традиционалните настани и секојдневието во Охрид и регионот, а беше вклучен и во значајни проекти посветени на Бигорскиот манастир. Неговата работа сведочеше за искрена посветеност, чувствителност кон просторот и луѓето, и за автор со јасна визија, чиј творечки пат прерано згасна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања