Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Трајановски: На Шилегов му оставив полна каса пари и готова комплетна документација за проекти со кој тој сега се фали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kocze-trajanovski

Коце Трајановски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното интервју во емисијата Филибастер на Радио Лидер, рече дека кога заминал од градоначалничката функција на Град Скопје, оставил полна каса пари, како и потпишани договори за капитални прокети и проекти во тек на изградба, но и проекти кои во голем дел биле целосно завршени.

— реклама —

Му оставив полна каса пари, милијарда и 250 милиони денари или околу 21 милион евра и дополнително 4 илиони евра кои се побарувања од Валдата за учеството за изградбата на спортската сала Борис Трајковски. Прибира некаде околку 35 до 40 милиони евра, од тие веќе 25 милиони му оставивме во касата. Имаше потпишано договори за капитални проекти, му оставив проекти во тек на изградба, исто така околу 20 проекти во документација, во најголем дел целосно завршени, а одреден дел беа распишани тендери за тие проекти, вели Трајановски.

Трајановски смета дека дури сегашниот градоначалник Петре Шилегов и ништо да не работел, администрацијата ќе можела да ги заврши тие проекти, како што впрочем во овој период биле завршени.

— реклама —

Во прво време велеше дека Трајановски не ми остави никакви проекти, па после извесно време рече да остави, но не се добри, на крајот излезе дека по тие проекти ги распиша тие тендери и ги заврши. Немаше шанси да ги заврши ако не беа тие проекти готови, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања