Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трајчулески: ВМРО сега ретерира за уставноста на законот за државјанства, дали сфатија дека министри ќе останат без мандат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-libraryqmvgm43a9oet25XmuK5

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, во телевизиска дебата изјави дека прашањето за двојните државјанства кај носителите на јавни функции треба да се решава суштински и без политички калкулации, нагласувајќи дека лојалноста кон државата мора да биде недвосмислена.

Тој посочи дека кога на некого му е доверена јавна функција, особено во извршната власт, тоа подразбира целосна посветеност кон државата и нејзините интереси, при што, според него, една од формите на таа лојалност е функционерите да имаат само македонско државјанство.

— реклама —

Трајчулески се осврна и на предлог-законските решенија за ограничување на двојните државјанства кај избрани и именувани лица, посочувајќи дека СДСМ поддржал иницијативи во насока на заострување на критериумите, но инсистирал тие да важат подеднакво за сите носители на функции – вклучително и членовите на Владата.

Според него, реакциите и последователните промени на ставовите кај предлагачите отвораат прашања за конзистентноста на политиките и за тоа дали се прават дополнителни процени околу евентуалните последици врз актуелни функционери.

— реклама —

Тој додаде дека не смее да се создава впечаток дека темата за двојните државјанства се сведува на поединечни случаи или на политички цели, туку дека треба да се третира рамноправно за сите државјанства и сите функционери, без разлика од која држава потекнуваат.

„Кога некој добива одговорност да раководи со институција, тоа значи дека мора да покаже целосна лојалност кон државата“, истакна Трајчулески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања