Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трајко Славески да закаже вонредна седница на Советот на Скопје за загадениот воздух, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје

Претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славевски што поскоро да закаже вонредна седница на Советот, посветена на загадениот воздух, вели СДСМ

— реклама —

„Состојбата со аерозададувањето во Скопје е алармантна и бара преземање итни мерки.

— реклама —

Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за одржување вонредна седница на Советот и предложи мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух

— реклама —

СДСМ како одговорна партија бара итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз, воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје, зголемување на средствата за борба против загадувањето од градскиот Буџет, финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, изготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје, миење на улиците и јавните површини со цистерни, како и безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност.

Оваа инцијатива, со советнички потписи е поддржана и од советниците од политичките партии ЛДП и ДОМ.

СДСМ ги повикува сите советници, посебно советниците од ВМРО-ДПМНЕ како најбројна советничка група, да дадат поддршка на иницијативата во интерес на сите скопјани.

Непреземањето ништо од страна на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е на штета на граѓаните.

За една година локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска не презеде ништо за справување со аерозагадувањето, напротив со неодговорното постапување директно придонесе за зголемување на загадувањето.

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги намали парите за животна средна за дури 44% и предизвика хаос и нефункционалност на јавниот превоз, што дополнително го поттикнува загадувањето.

ВМРО-ДПМНЕ наместо да тера инает да се приклучи на оваа иницијатива.

Станува збор за најскапото нешто за граѓаните – нивното здравје“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања