Промени тема
Контакт

Трајкоска: Проблеми при уписите во средното образование, оваа влада придонесе за катастрофална состојба во образованието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
uciliste

Целта на оваа прес конференција е да алармираме за лошото менаџирање на процесите и состојбите во образованието кои за жал се катастрофални, а граѓаните се загрижени и сосема нормално реагираат, вели Бети Стаменкоска Трајкоска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ

„Деновиве актуелни се уписите во средните училишта. Владата и Министерството за образование и наука помпезно најавуваа значително олеснување на овој процес по електронски пат и како што велеа, поголема транспарентност и елиминирање на влијанието на човечкиот фактор во рамки на истиот.

— реклама —

За жал, се случи катастрофа. Системот за електронско пријавување падна пред да почне аплицирањето. Потоа функционираше од време на време, па многумина успеаја да поднесат електронска апликација после многу часови поминати во обидување.

Уште пострашно е што сега, цела една генерација деветоодделенци и нивните семејства се се уште во неизвесност. Резултатите кои требаше да бидат објавени, како што најави и самиот министер за образование и наука, на 18-ти јуни, се уште не се објавени. Децата не знаат дали се примени во училиштата каде што аплицирале, а веќе утре согласно информациите во конкурсот, треба да започне новото пријавување.

— реклама —

Дали поради ова доцнење, многу ученици ќе бидат оштетени? Зошто резултатите доцнат и дали наместо да биде елиминиран човечкиот фактор, всушност резултатите се фингираат во нечии канцеларии што со оваа Влада е многу веројатно? Кога јавноста ќе дознае во кои училишта се преостанати слободни места ако веќе од утре започнува второто пријавување?

Почитувани,

Ако оваа Влада не е способна да спроведе рутински процес, уписи во средно образование кои никогаш во минатото не претставувале проблем, се поставува прашањето дали може да ја промени катастрофалната состојба во образованието, која неспособните кадри на коалицијата на власт сами ја создадоа и ни предизвикаа огромни срамови во меѓународната јавност?

— реклама —

Одговорот е јасен. Ниту размислуваат, ниту имаат капацитет за поквалитетен образовен систем. За 5 години се сменија 4 министри и секој си тераше своја политика и свои интереси. Ниту план, ниту долгорочна стратегија, ниту континуитет. Затоа денес образованието е „каша попара“, а институциите не можат да им гарантираат на граѓаните ниту остварување на основните уставно загарантирани права.

Нема учебници. Нема свидетелства. Училиштата должат за струја, за парно, за вода. Наставниците протестираат за повисоки права, плати и подостојни услови за работа. Паѓа рејтингот на високообразовните установи. Научниците немаат поддршка за проекти и истражувања.

— реклама —

Ова е премногу! Време е за промени и тоа граѓаните го побараа во саботата. Заедно ќе ставиме крај на оваа неспособност и по изборот на нова влада предводена од ВМРО–ДПМНЕ ќе следи вистинско реформирање на образовниот систем.

Во меѓувреме, Владата и Министерството за образование и наука да одговорат на прашањата кои им ги поставивме“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања