ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Трајковски обвинува дека конгресот на НСДП е фалсификуван

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

kristijan-trakovski

Кандидатот за претседател на НСДП Кристијан Трајковски кој претходно најави дека на петтиот Конгрес на партијата ќе се самокандидира за иден претседател на НСДП, вели дека овој Конгрес е фалсификуван и секоја одлука која ќе биде донесенa од овој состав на делегати е нелегитимна, и затоа ја повлекува кандидатурата за претседател.

— реклама —

„На денешниот, петти Конгрес на НСДП, видовме дека одредени структури во партијата продолжија со своите намери да им го одземат правото на слободен избор на делегатите на НСДП спротивно на Статутот на НСДП, Правилникот за кандидирање и избор на Претседател на НСДП спречи демократски натпревар на идеи за иднината на нашата партија. Видовме како, спротивно на сите акти на НСДП, тие извршија насилнички и измамнички инженеринг на составот на делегатите, фалсификувајќи ги списоците и менувајќи ги имињата утврдени од Извршните Одбори на Општинските организации. На место на легитимно избраните делегати се ставени цели фамилии, брачни другари и слични групи лојални на единствениот кандидат за Претседател. Видовме и како овие структури се служеа со сите можни притисоци, закани и празни ветувања за да ги добијат делегатите кои не можеа да ги наместат.

На крај видовме како, истите овие луѓе го киднапираа работното претседателство и органите на овој Конгрес и како по секоја цена се подготвени да му помогнат на човек кој нема поддршка од мнозинството, преку прекршување и злоупотреба на Статутот и процедурите, да ја киднапира нашата партија и да го уништи сето тоа што сите ние го градиме седумнаесет години. За жал, легитимитетот а изборот на следниот Претседател на НСДП е целосно урнисан и уништени се сите услови за слободно, фер и демократско изјаснување на делегатите во постапка согласно Статутот и актите на НСДП.

— реклама —

Поради тоа, не сакајќи да учествувам во понатамошната работа на овој нелегитимен конгрес и носењето на одлуки на истиот, одлучив да ја повлечам мојата најавена кандидатура за Претседател на НСДП.

Овој Конгрес е фалсификуван и секоја одлука која ќе биде донесенa од овој состав на делегати е нелегитимна“, истакнува Трајковски во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vlada-2024-mickoski

НСДП: ВМРО-ДПМНЕ најдобро функционира во „заробена држава“, на добар пат се да ја вратат државата на ниво од 2017 година

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-17-at-19.50.43

Мисовски и Мираковска од НСДП не менуваат страна, остануваат во опозиција

Македонија | пред 1 година

IO1

НСДП: Не прифаќаме историските прашања да влезат во преговарачката рамка

Македонија | пред 3 години

nsdp3

Горан Мисовски избран за нов претседател на НСДП

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања