Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трактор излетал во речно корито, возачот почина во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
0000traktor

75-годишен жител на Гевгелија почина по тешки повреди здобиени во сообраќајна несреќа што се случила во селото Смоквица, откако трактор со приколка излетал од патот и паднал во речното корито на реката Мешкавица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 08.04.2026 во 09:15 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул. „Костадин Зупов“ во с. Смоквица, гевгелиско, трактор „Тома Винковиќ“ со приколка со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Р.Б. (75) од Гевгелија, излетал од патот и паднал во речното корито на река Мешкавица“, соопшти МВР.

— реклама —

Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот сопатник поминал со полесни повреди.

— реклама —

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Ж.Г.(70) од с. Смоквица, констатирани во Општа болница Гевгелија“, соопшти МВР.

Повредениот возач бил итно пренесен на лекување во Скопје, но подоцна им подлегнал на повредите.

— реклама —

„Р.Б. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, од каде во 23:15 часот е добиено известување дека починал“, соопшти МВР.

— реклама —

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила полициска екипа.

„За настанот е известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија“, соопшти МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 8 часа

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 9 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања