Белата Куќа денеска треба да го објави буџетот за фискалната 2020 година на претседателот Доналд Трамп, прв чекор во долгиот процес на одредување на финансирањето на САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе предложи денеска буџет што предвидува намалени расходи за пет отсто и зголемување на расходи за одбрана, здравствена заштита на ветерани и безбедност на границите.
Се очекува републиканскиот претседател да објави нацрт на буџетот во 11.30 часот по локално време и тоа ќе биде сигнал за почеток на борбата за финансирање со Конгресот што ги контролира федералните расходи.
Од Демократската партија веќе упатија критики за барањето од 8,6 милијарди долари за изградба на ѕид на јужната граница со Мексико.