Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Трамп го тешки Гренланд: Не градам златна и сјајна кула со моето име

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
grenland-1-396886mgcqqez85ocz3rb4

Доналд Трамп можеби се уште сака да го купи Гренланд, но за утеха на Гренлаѓаните, американскиот претседател нема планови да го украси брегот на овој голем остров со својот препознатлив бренд – златната и сјајна кула Трамп.

— реклама —

Доцна синоќа, Трамп на твитер постираше фотографија на мала крајбрежна населба на Гренланд а покрај малите куќи додадена и златно жолтата кула со неговото име.”Ветувам дека нема ова да направам на Гренланд” – напиша американскиот претседател.

Шегата на страна, Трамп потврди дека идејата за купување на Гренланд од Данска, била претставена во разговорите во белата куќа а според него – во суштина станува збор за потенцијален голем договор за купување недвижности.

— реклама —

Мислам, во суштина, ова е можен голем договор за недвижен имот. Многу работи може да се направат. Многу и наштетува на Данска, затоа што тие губат речиси 700 милиони долари годишно. Го имаат Гренланд со голема загуба. Стратешки, за Соединетите држави, би било добро. Ние сме големи сојузници на Данска, и помагаме на Данска и ја штитиме Данска, и ќе продолжиме” – изјави Трамп.

Зошто купувањето на една од најретко населените територии на планетата е атрактивна можност за Трамп и неговата администрација?

За Трамп, веројатно претставува најголемиот можен договор за недвижности во неговиот живот, со кој би купил територија со големина од ¼-тина на Соединетите држави и би го цементирал своето место во американската историја заедно со Претседателот Ендрју Џонсон, кој ја купил Алјаска од Русија 1867-та година и Томас Џеферсон кој ја обезбедил Луизијана од Французите 1803-тата година. За советниците на Трамп, можното купување на Гренланд би можело да и парира на доминацијата на Кина на пазарот на индустриски метали а стратешката позиционираност меѓу САД и Русија би можела да ги ограничи руските воени амбиции. Премиерките на Гренланд и Данска не се согласуваат со бизнис плановите на Трамп.

Две работи, како прво, јас не сум во моментов токму на Гренланд, заради Трамп. Јас секако ќе дојдев тука. Целосно се согласувам со Ким Килсен (премиерка на Гренланд), дека се разбира, Гренланд не е за продажба. Патем, Гренланд не е Дански. Гренланд е на Гренлаѓаните. Ким Килсен јасно кажа: “Гренланд нема да биде продаден” – изјави Премиерката на Данска, Мете Фредериксен.

Гренланд е автономен регион, кој ефективно се самовладее додека Данска, суверениот владетел на островот, се грижи за неговата одбрана и надворешна политика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања