„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Трамп ја менува својата реторика кон Русија: им испрати порака, а одговорија од Москва

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
nK8nP-1637411-gjgj-ls

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата социјална мрежа Truth Social изјави дека нема да има друг избор освен да воведе даноци, тарифи и санкции за Русија и другите инволвирани земји доколку Москва не постигне договор со Украина.

— реклама —

„Не сакам да ја повредам Русија. Го сакам рускиот народ и отсекогаш сум имал многу добри односи со претседателот Путин. Никогаш не смееме да заборавиме дека Русија ни помогна да победиме во Втората светска војна, по цена на речиси 60 милиони животи. Со сето тоа кажано, ќе и направам голема услуга на Русија, чија економија е во колапс, а и услуга на претседателот Путин. Решете се сега и запрете ја оваа смешна војна! Само ќе биде полошо. Ако не се договориме и наскоро, немам друг избор освен да поставам високи даноци, тарифи и санкции за сè што Русија продава на Соединетите Држави и на разни други земји-учеснички. Да ставиме крај на оваа војна која никогаш немаше да започне да бев претседател! Можеме да го направиме тоа на лесен или потешки начин - а лесен начин е секогаш подобар. Време е да се направи зделка. Не смеат да се губат повеќе животи!“, рече Трамп.

Набрзо стигна првата реакција на Русија. Заменик-претставникот на Русија во ОН, Дмитриј Полански, изјави за Ројтерс дека Москва треба да види што ќе вклучува договорот што го предлага Трамп.

— реклама —

„Не станува збор само за завршување на војната. Пред сè, има прашање за решавање на основните причини за украинската криза“, рече тој.

„Значи, мораме да видиме што значи „договорот“ за претседателот Трамп. Тој не е одговорен за она што САД го прават во Украина од 2014 година, правејќи ја „антируска“ и подготвувајќи се за војна со нас, но сега е во негова моќ да ја запре таа злонамерна политика“, продолжи тој.

Денешното соопштение на Трамп е само продолжение на неговата се пожестока реторика кон Русија. По неговата инаугурација, Трамп веќе изјави дека претседателот Владимир Путин ја уништува Русија.

„Тој треба да постигне договор. Мислам дека ја уништува Русија со тоа што нема да постигне договор“, нагласи тој, мислејќи на инфлацијата и лошата економија на Русија.

Тој предупреди дека Путин не може да биде задоволен со неговиот бавен напредок во Украина.

„Тој се обидува. Повеќето луѓе мислеа дека војната ќе трае околу една недела, а сега поминаа речиси три години. Не изгледа добро“, рече американскиот претседател.

Трамп претходно даде голем број коментари за завршување на војната во Украина, од велејќи дека може да ја „реши“ пред да ја преземе функцијата до ветување дека ќе го реши за „еден ден“.

Уште во 2023 година, тој изјави за Си-Ен-Ен: „Ако сум претседател, оваа војна ќе ја решам за еден ден, за 24 часа“.

За време на предизборната дебата со Камала Харис, тој рече: „Тоа е војна која едвај чека да се реши. Ќе ја решам уште пред да станам претседател. Ако победам, кога ќе бидам избран за претседател, ќе разговарам со едниот, ќе разговарам со другиот, ќе ги донесам“.

Рускиот претседател Владимир Путин повторува дека Москва е отворена за дијалог со новата американска администрација, при што приоритет е решавање на основните причини за кризата. Тој потврди дека Русија ги зема предвид изјавите на Трамп и членовите на неговиот тим за нивната подготвеност да ги обноват контактите и потребата да направат се што е можно за да се спречи третата светска војна.

Сепак, нема потврда дека моментално се договара средба меѓу Трамп и Путин. Во исто време, украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Киев договара средба со американскиот претседател. Екипите се ангажирани за договарање на средбата. Постапката е во тек“, истакна тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања