Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп не дава „Томахавк“ ракети – аналитичар: Украинците веќе имаат нешто подобро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
media-library4boiha3trns99cQ4vtv
Fire Point Company

Украина со недели интензивно лобира во Вашингтон за добивање ракети со голем дострел „Томахавк“, а според Sky News, Пентагон наводно дал зелено светло за нивна испорака кон Киев. Американските претставници процениле дека тоа нема да влијае негативно врз американските резерви, па конечната политичка одлука останала во рацете на претседателот Доналд Трамп.

Сепак, американскиот претседател категорично ја отфрли таа можност. На прашањето на новинарите дали размислува за испраќање на „Томахавк“ ракети во Украина, Трамп во неделата кусо одговори: „Не, всушност не.“

— реклама —

Руски страв од прецизни ракети

Воениот аналитичар Мајкл Кларк смета дека Трамп е убеден во исправноста на својата одлука, но нагласува дека Русија е очигледно загрижена поради „Томахавк“ ракетите. „Загрижени се поради нивниот дострел и прецизност,“ објаснува Кларк.

— реклама —

Тој додава дека испораката на поголем број вакви ракети би можела значително да го промени текот на војната.
„Доколку САД беа подготвени да испратат доволно ракети ‘Томахавк’ – а под тоа мислам околу 200 – Украина ќе можеше да ги погодува руските рафинерии и воени цели. Тоа, според мене, ќе го променеше размислувањето на Русија за продолжување на војната,“ вели аналитичарот.

Кларк верува дека страхот од такво сценарио бил причината за неодамнешниот повик на Владимир Путин до Трамп, со кој наводно се обидел да го одврати од одлуката за испорака на ракетите. Сепак, тој не очекува Трамп да го смени ставот и смета дека американскиот претседател бара начин да се дистанцира од војната.

— реклама —

Алтернатива за „Томахавк“

Ова, сепак, не значи крај на надежта за Украина, бидејќи постојат алтернативи на американските ракети. Меѓу нив се британските ракети „Сторм Шадоу“ и украинските домашно произведени ракети „Фламинго“.

— реклама —

Според Кларк, доколку Украина успее да ја зголеми производството на „Фламинго“, тие би можеле да ја преземат улогата што моментално се очекува од „Томахавк“.

„Украина може да издржи ако војната продолжи и следното лето. Украинците би можеле да откријат дека имаат значителна предност во способноста за производство на ‘Фламинго’. Но, можете да бидете сигурни дека Русите веќе ги бараат производствените локации со своите воздушни напади. Поради тоа, дел од компонентите сега се произведуваат во Европа за да се помогне на Украина. Русите, меѓутоа, очајнички ќе се обидат да ја спречат масовната продукција на ‘Фламинго’,“ заклучува Кларк.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykr49dgi46sb92zWpqdy

Поранешен соработник на украински премиер тешко повреден во експлозија на автомобил во Москва

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Руските компании ги преместуваат податоците во странство по украинските напади врз центрите за податоци

Свет | пред 3 дена

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 5 дена

media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања