„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Трамп одлучен за ѕидот на јужната граница, а ќе ги подели и Американците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
tramp

Доналд Трамп сака ѕид, зборува за „национална безбедносна криза“ и за тоа ги обвинува демократите. Со тоа само го продлабочува расцепот во американското општество, оценува Михаел Книге.

— реклама —

Теоретски, две години по стапувањето на функцијата и среде еден од најдолгите владини застои во поновото минато, Доналд Трамп имаше две можности:

Можеше да ја искористи бината за да се прикаже како вистински лидер на земјата, кој сериозно се обидува да го надмине јазот кој се заканува да ја подели нацијата. Можеше да каже дека останува на тоа дека ѕидот е најдобро решение за борба против она што, според него, претставува проблематична и опасна ситуација на јужната граница на земјата. Да каже дека стреми кон постигнување компромис помеѓу демократите и републиканците, со цел да се стави крај на „шатдаунот“ и истовремено да биде заштитена американската граница. Трамп можеше да каже нешто во стилот: „Мои американски сограѓани,независно од тоа дали сте републиканци или демократи, дали ми давате поддршка или не, ноќва е ноќ за нов почеток во интерес на нашата земја, за соработка со цел да се стави крај на застојот.“

— реклама —

Со други зборови, откако самиот се доведе в ќош, можеше да се обиде да ги закопа политичките јазови и да му понуди рака на новоизбраниот Конгрес со цел да се постигне компромис за обезбедувањето на границата.

И, знаете што? Неговите приврзаници сигурно и натаму ќе му пружаа поддршка затоа што му веруваат, сеедно што кажува. Сигурно, десничарските „хардлајнери“ можеби ќе му префрлеа дека отстапува. Сигурно дека демократите и многу републиканци немаше да му веруваат и ќе бараа докази дека мисли сериозно. Но, ако пробаше одново да се пронајде себеси како обединувач на една поделена земја, тоа барем ќе беше обид да се избегне тотална пропаст поради владиниот застој, кој го предизвика тој лично.

Трамп, се разбира, во својот говор вчеравечер не направи ништо од сето ова.

Повеќе на Дојче Веле.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања