Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трамп: Прекинете го бомбардирањето во Идлиб

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
tramp-2

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Сирија и нејзиниот сојузник Русија да го прекинат „пеколното бомбардирање” на Идлиб, покраина во северозападна Сирија, откако Кремљ во петокот објави дека Москва ќе продолжи да ја поддржува офанзивата која сириските власти ја почнаа пред еден месец.

– Слушам дека Русија, Сирија и, во помала мера, Иран учествуваат во пеколното бомбардирање во покраината Идлиб, во Сирија, и оти убиваат голем број невини цивили.  Светот го гледа тој масакр. Која е целта, што ќе постигнете? Престанете !, напиша Трамп на Твитер пред да замине во државна посета на Велика Британија.

— реклама —

Овие коментари доаѓаат откако сириските невладини организации во петокот ја осудија „пасивноста на меѓународната заедница за ескалацијата на сирискиот режим и неговиот руски сојузник во покраината Идлиб”, што го предизвика, како што оценуваат, „најголемиот” бегалски бран од почетокот на војната.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања