Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Трамп за денес најави “важно соопштение” за американскиот “shutdown”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Трамп синоќа најави дека денес ќе излезе со “важно соопштение” за американскиот “shutdown”, кој речиси цел месец делумно ја парализира федерална администрација.

“Ќе имам важно соопштение за хуманитарната криза на нашата јужна граница утре попладне во 15:00 часот од  Белата куќа”, објави претседателот Доналд Трамп.

— реклама —

Трамп и претседателката на Демократската партија во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, веќе неколку седмици не успеваат да се согласат околу буџетскиот ќор-сокак кој започна на 22 декември и има влијание врз околу 800.000 федерални вработени кои веќе не ја примаат платата.

— реклама —

Во срцето на буџетскиот конфликт е ѕидот на Доналд Трамп што тој сака да се подигне на границата со Мексико, и за кој тој побара пари од буџетот  од 5,7 милијарди долари. Демократите упорно не попуштаат и не сакаат да го дадат нивното зелено светло за оваа намена. Изградбата на овој ѕид е едно од главните ветувања на Трамп.

— реклама —

Во свечената изјава од 8 јануари од Овалната канцеларија, претседателот им рече на Американците дека им се обраќа “затоа што сме сведоци на зголемена хуманитарна и безбедносна криза на јужната граница”.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања